Бурна расправа на денешната седница на Совет по однос на тримесечните извештаи за работата на јавните претпријатија. Според опозицијата дел работат со загуби, немаат големи приходи од основните дејности и се доведува во прашање опстојувањето ако ги немаат субвенциите од Општината.

Советничката од СДСМ Живка Ангелоска истакна дека од финансиските извештаи две ЈП-ја третиот квартал го завршуваат со загуба.

ЈП Градски Гробишта каде има големо намалување во однос на реализираните приходи, но претпоставувам се работи за таков квартал и се надевам дека во однос на вкупниот резултат сликата ќе биде поинаква. Во однос на овој квартал загуба има и ЈП Градски Пазар, а според дејноста овој квартал треба да биде најмоќен за претпријатието. Се провлекува и тоа што еден дел од ЈП-ја не можат да функционираат без субвенциите на Општината или доколку не постојат ќе бидат далеку полоши од тоа што се прикажани сега, а има и ЈП-ја кои полека но сигурно ја губат својата примарна дејноста за која се основани. Според анализата согласно бројките од извештаи ЈП Билјанини Извори од вкупно оставрените приходи само околу 3 милиони денари се по основ на услугите кои ги врши по основната дејноста, а 24 милиони денари се од услугите од паркинг простор, сидриште, пајак службата. Сето ова наведува на размислување дали ова ЈП треба да постои како ЈП за стопанисување со објекти за спорт или се преправи во претпријатие инкасатор, вели Ангелоска.

Додава дека слична е ситуацијата и во ЈП Градски Пазар, каде од вкупно оставрени над 5 милиони денари приходи помлку од половината се од закуп на тезги, а останатите средства се од паркингот во склоп на пазарот, субвенции од Општината, реквизити и куќички кои се издаваа во текот на летото… Се поставува прашање дали ќе може ова ЈП да опстојува и понатаму зошто не секогаш ќе може Општината да ги субвенционира и треба долгорочно за некои ЈП-ја да се преземат мерки, додава Ангелоска.

ЈП Водовод во овој квартал искажало добивка над 15 милиони денари што е доста голем износ и огромна разлика во однос на истиот квартал минатата година со загуба од 21 милиони денари, рече советничката од СДСМ, Милена Грозданоска.

Ова зголемување според извештајот се должи на зголемени приходи од продажба на вода, покачувањето на цената на водата, приходи од субвенции од Општината. Огромно е намалувањето на трошоците споредбено со кварталот минатата година. Најголем дел намалување има на трошоците за елекетрична енергија што се должи најголем дел на тоа што ова ЈП се наоѓа на регулиран пазар и плаќа многу поефтина ел. енергија. Во однос на искажаните побарување од добавувачите и обврските кон нив, вели дека ако политиката на претпријатието е отписот на обврските и отписот на побарувањата да ги евидентира квартално тоа може да го прави, но ќе треба и во приходите и во трошоците подеднакво да ги еведентира, вели Грозданоска.

Упати прашање дали нешто ЈП Водовод има отпочнато во врска со загубата на вода, бидејќи истата навистина претставува многу голем трошок.

Директорот, Марјан Ристески, истакна дека за првпат во историјата во овој квартал претпријатието покажува позитивен резултат.

Точно е дека во овој период цената на струјата е намалена, но треба ја видите цената на струјата пред енергетската криза и дека претпријатието покажувало загуби. Се работи за отпис на фирми кои се ликвидирнаи или се во стечај и ги прикажуваме секогаш кога ќе добиеме податок дека одредена фирма е ликвидирана или во стечај. Побарувањата кои ги споменувате и тоа што не е пишано се работи за приходи или побарувања кои биле останати 15 години и е процес кој ние полека го чистиме. Во однос на субвенциите точно е дека Општина Охрид помага, но и доколку не се истите ЈП во овој квартал повторно ќе покажеше добивка.

Резултатите, вели, се тие кои го покажуваат нашето работење и ни даваат сила и желба да работиме и ќе го правиме тоа во интерес на нашите граѓани.

Во делот на загубата да тоа е процес кој не е решлив во еден квартал или една година, 30 годишен проблем, и не со голема динамика но од година во година се намалува загубата и не е точно дека не сме мрднале со прст. Се работи на неколку проекти, но треба време за нивна реализација. Никој од нас не очекува дека загубата ќе ја снема преку ноќ. Ваквите финансиските податоци се мотив и се надевам дека и останатите квартали од ЈП ќе ги покажува со добивка, додаде Ристески.

Претседателот на Советот, Сашо Донев, истакна дека не треба да се споредуваат годините од кризата па наваму. Од Нова Година натаму ќе ги споредуваме, вели, годините пред кризата со ел. енергија бидејќи и тогаш Водовод функционирал и имал проблеми, но имал и милиони денари загуби.

Но, не е само електричната енергија, туку и зголемувањето на минималната плата три-четири пати во две години и кога тој расход ќе се разгледа со годините пред кризата со електричната енергиија четири пати се зголемени расходите по однос овие ставки, но пак ЈП-ја има добивка од скоро 15 милиони денари, додаде Донев.

До директорот на ЈП Водовод беше упатено и прашење во поглед на постапката со набавката на бројачи за детектирање на загубите на вода, од страна на советникот Бојан Михајловски, на што одговори дека проектот е сотавен до Министерство за животна средина и просторно планирање и се чека дали истиот ќе биде одобрен.

Н.С.Ј.