Бурманскиот питон по потекло е од Азија, а на слобода ги има и во мочириштата на Флорида, каде веројатно ги фрлиле сопствениците на кои им станале товар. Научниците од Флорида шест бурмански питони однеле 30 километри подалеку од мочуриштето. Со помош на радио приемници, кои им ги вградиле под кожата, истражувачите го следеле движењето на питоните, нивната траекторија и брзина.
Штом биле ослободени, сите питони веднаш тргнале назад, кон мочуриштето од каде што биле одведени, а некои стигнале после 94, а други после 296 дена ползење. Научниците така заклучиле дека бурманските питони имаат „внатершен компас“ и „итенчено чувство“ за препознавање на територија. Бурманските питони, кои можат да бидат подолги и од пет метри, се хранат со се и сешто, од птици, елени, до алигатори кои ги дават и голтаат во едно парче.