Бурим Хидри e професор по музичка уметност, вработен OУ Братство Единство (Охрид) и диригент на градскиот мешан хор Вокс Лихнидос. Предава музичко образование во албанските и турските паралелки, а воедно го води и единствениот мултиетнички хор во Македонија, во кој членуваат ученици од 10 до 14 години.Неговиот прв работен ангажман бил во Музичкото училиште Соната во Струга како професор по клавир, на покана на неговите професори и колеги Лиле и Петар Булоски.

Од 2015 година до ден денес Бурим раководи и со градскиот мешан хор Вокс Лихнидос.

Хорот секоја година одржува годишни и новогодишни концерти, настапува на реномираниот Меѓународен хорски фестивал ТеХо во Тетово, редовно настапува на Прличевите беседи и Охридските староградски средби, има настапувано на Зимска бајка, на два концерти на групата Камелеон, на бројни фестивали, конференции и јубилеи кои се одржуваат во Охрид, бројни настани организирани од страна на Општина Охрид, на проектот 250 години од раѓањето на Бетовен, 100 години Блаже Конески и на Старгорадската пловидба со Ансамбл Билјана со кајчиња по Езерото „Ој љубов, љубов“ организирана од Културолошка Иницијатива 5 до 12.

Бурим секогаш се гордее со годишните концерти кои ги одржуваат најчесто во катедралната Црква Св. Софија во Охрид, затоа и е многу благодарен на МПЦ што секогаш излегува во пресрет за одржување на концертите.

Најмногу се гордее што од 2019 година овие годишни концерти прераснаа во Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“. Овој фестивал се одржува на крајот на месец јуни со гостински хорови од повеќе држави. До сега на фестивалот учествувале хорови од Косово, Бугарија, Србија, Романија, Албанија како и најдобрите хорови од Македонија.

Погледнете ја целта епизода тука.

OhridNews