Охридските фудбалери експресно се вратија на победничките патеки, совладувајќи го кичевски Велазерими со 2-1 (1-0), во 22-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ до целиот плен стигнаа со фудбалер помалку, откако Един Мерсовски во 40-та минута, при резултат 0-0 доби директен црвен картон.

Очекувавме дека нема биде лесно, но испадна да биде најтешко до сега. Фудбалерот помалку го надополнавме со храбра и борбена игра, а победата е награда и комплетно заслужена. Сакам да им честитам на играчите и стручниот штаб, со надеж дека ќе продолжиме во ваков ритам до крајот на сезоната, рече стрелецот на првиот погодок Бурхан Алији.

Охриѓани со новата победа се искачија на третото место на табелата во второлигашката конкуренција и дојдоа до само еден бод од второпласираната Велешта.

Во следната рунда, Охрид, гостува кај тимот на Гостивар.

OhridNews

 

Лавовски триумф на Охрид, „рибарите“ со фудбалер помалку го совладаа Велазерими

Втора МФЛ: Ниту трошки за гостите, Охрид го прескокна Гостивар