Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Њукасл и Ливерпул на „Сент Џејмс Парк“, во рамките од 16-та рунда во англиската Премиер лига.
Последниот натпревар во Премиер лигата за 2020 година помина во знакот на „црвените“, но актуелниот првак не успеа теренската иницијатива и големиот број на шанси да ги валоризира во погодок, кој сигурно ќе го решеше мечот.
За Ливерпул ова е шесто реми сезонава, а, второ во серија откако во претходната рунда бодовите ги подели со Вест Бромвич Албион на „Енфилд“.
Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат на 1 јануари со мечевите помеѓу Евертон – Вест Хем односно Манчестер Јунајтед – Астон Вила.
OhridNews