Една американска фирма има намера да изгради дваесеттина бункери за оние кои сакаат да го преживеат крајот на светот предвиден за 2012 година. Едно место во бункерите ќе се продава по цена од 50 илјади долари. Според одредени претпоставки крајот на светот би требало ад се случи на 21 декември 2012 година.


Во бункерите ќе има вкупно 200 места само за најпривилегираните луѓе. Во нив ќе има обезбедена храна и вода за една година. Местата можат да се резервираат со депозит од 50 илјади долари, а некои американски медиуми објавиле дека за информации се јавиле повеќе од 1000 луѓе. Прототип на бункерите ќе биде изграден оваа есен.