Пратениците во германскиот Бундестаг вечерва со големо мнозинство и дадоа зелено светло на владата да се заложи за отворање пристапни преговори со Македонија за членство во Европската унија. За гласаа 476 пратеници, против 122, а 16 биле воздражани.

Одлуката на Бундестагот ја поздрави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

-Го поздравувам гласањето на Бундестагот за отпочнување на преговори со Македонија и Албанија во октомври. Признанието на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформи во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ– напиша вечерва на Твитер еврокомесарот Хан.