Поранешниот чувар на мрежата на Металург, Дарко Станиќ кариерата ќе ја продолжи во тимот на Битигхајм, кој се натпреварува во Бундес лигата.
Клубот, кој моментално се наоѓа на последната позиција во најсилната светска лига се очекува да биде само попатна станица на Станиќ за новиот трансфер по завршување на сезоната.
Станиќ настапи на еден меч за Металург во Лигата на Шампиони против ПСЖ и го загуби правото на игра за друг клуб, што драстично му го намали изборот за нова средина.
Српскиот чувар на мрежата три години беше дел од македонскиот првак Металург и беше еден од омилените ликови на навивачите.
Мх.П.