Челниците на германската Бундес лига стартуваа со подготовки за продолжение на сезоната. Најверојатно, фудбалските возбудувања ќе продолжат во првата половина од мај. Дел од екипите започнаа со тренинзи, со максимално почитување на препораките и мерките во борбата со коронавирусот.
Во дел од подготовките, Бундес лигата ги вклучи и судиите, кои, исто така ќе имаат посебен режим до излегување на теренот. Германците изменија некои правила и протоколи со цел да избегнат долги патувања и групирање на судии во автомобил.
Измените во германскиот судиски правилник:
Нема да важат географските ограничувања, што значи дека судиите ќе можат да опслужуваат натпревари на екипи од нивните региони.
Одлучено е да се минимизира времето за патување и секој од судиите да дојде на натпреварот до стадионот во неговиот автомобил. Нема да има прошетки во градот во пресрет на натпреварите и престој во хотели. Трето, ќе остане годишната основна плата – од 60 илјади до 80 илјади евра, а надоместокот за секоја натпревар да варира од 1 250 до 5 000 евра.
Сите судии ќе треба редовно да прават тестови за коронавирус, пред секој натпревар.
Контролорите што ја оценуваат работата на судијата ќе работат од дома и ќе ги подготват своите извештаи врз основа на она што го виделе на телевизија.
Во ВАР центарот во Келн, ќе бидат поставени прегради од плексиглас помеѓу видео судиите и нивните асистенти. Покрај тоа, сите треба да носат маски.
OhridNews