Една од екипите со најголем стаж во германскиот шампион, Вердер Бремен се фати за сламка за спас и ќе игра во бараж двомечот за опстанок во Бундес лигата.
Шансите за вакво сценарио беа мали, но постоеј и затоа е фудбалот интересен и многу различен од другите спортови. На „зелено белите“ им требаше победа додека мораше да чекаат пораз на Фортуна. Така и бидна, Вердер Бремен на домашен терен славеше со 6-1 над Келн а Фортуна изгуби 3-0 од Унион Берлин. Вердер се искачи на 18-та позиција а Фортуна заедно со Падерборн се селат во „цвајте“ лигата.
Во трката за ТОП 4 извиси Баер Леверкузен. Борусија Менхенгладбах со триуфм над Херта 2-1 избегна разно разни комбинации и го осигура четврото место. Во ЛШ покрај првакот Баерн Минхен ќе учестуваат Борусија Дортмунд, Лајпциг и Борусија Менхенгладбах. Германски претставници во ЛЕ ќе бидат Баер Леверкузе, Хофенхајм и Волфсбург.
Резултати:
Аузбург – Лајпциг 1-2
Баер Леверкузен – Мајнц 1-0
Борусија Дортмунд – Хофенхајм 0-4
Борусија Менхенгладбах – Херта 2-1
Ајнтрахт Франкфурт – Падерборон 3-2
Фрајбург – Шалке 4-0
Унион Берлин – Фортуна 3-0
Вердер Бремен – Келн 6-1
Волфсбург – Баерн Минхен 0-4
OhridNews