Екипата на Шалке има крајно неочекуван лош рестарт на сезоната во германската Бундес лига. „Сините“ од Гилзенкирхен и во вториот натпревар претрпеа висок пораз. Овој пат на домашен терен од составот на Аугсбург со 3-0.
Дека работите нема да бидат сјајни за домаќините, гостите најавија во шестата минута со погодокот за почетно водство. Фудбалерите на Аугсбург, големата победа и трите бодови ги осигураа во последните 15-тина минута од натпреварот. Во 76-та минута, гостите погодија за 2-0 додека во 90-та ги постивија конечните 3-0.
Чекорот на водечките екипи на табелата во Бундес лигата, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд го следи составот на Лајпциг. Нови три бодови, фудбалерите на Лајпциг освоија на гостински терен кај Мајнц победувајќи со 5-0.
OhridNews