Строго забрането точење на алкохол и 20% публика на стадионите се најкрупните одлуки кои ги донесоа челниците од 16-те фудбалски сојузи во пресрет на почетокот на новата сезона во Германија.

Сепак, ваквите одлуки не се конечни туку ќе бидат на шестнеделен испит. Потоа челниците ќе одлучат дали ќе продолжат така или пак дополнително ќе ги олабават мерките.

Ќе биде забрането и доаѓањето на гостински навивачи, а секоја влезница ќе биде персонализирана како би можело да се следи движењето на сите личности на стадионот. На сила ќе биде и мерката за физичка дистанца, а гледачите ќе мора да носат и маски. – стои во соопштението од фудбалските сојузи.

Новата сезона во германскиот клупски фудбал започнува викендов.

 

OhridNews