Екипата на Борусија извојуваа триумф во дербито на колото во германската Бундес лига, совладувајќи го Лајпциг со високи 3-1 (0-0), на „Ред Бул Арената“.
„Милионерите“ во вистинско време го одиграа можеби најдобриот натпревар сезонава и сосема заслужено ги освоија трите бодови. Стрелците се „разбудија“ во второто полувреме, откако првиот дел, заврши без голови 0-0. Тандемот Жадон Санчо и Ерлинг Халанд ги искомбинираа головите за Дортмунд додека стрелец на почесниот погодок за домаќините беше Александер Сорлот.
Покрај успехот на „милионерите“ за издвојување од денешните резултати е победата Шалке. „Сините“ од „Гилзенкирхен“ арената го скршија малерот сезонава, победувајќи го Хофенхајм со 4-0.
- Резултати:
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1-1
Фрајбург – Келн 5-0
Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт 0-2
Шалке – Хофенхајм 4-0
Унион Берлин – Волфсбург 2-2
Лајпциг – Борусија Дортмунд 0-3
Табела: Баерн Минхен 33 бодови, Лајпциг 31, Баер Леверкузен 29, Борусија Дортмунд 28, Унион Берлин 25…
OhridNews