Екипата на Борусија Дортмунд со 4-0 (1-0) го совлада составот на Фрајбург и запиша три бодови на табелата во германската Бундес лига.
До вториот триумф во третиот натпревар во германската фудбалска елита „милионерите“ стигнаа со доминатна и надмоќна игра во текот на целиот натпревар. Отпорот на гостите го скрши Ерлинг Халанд со погодок во 31-та минута од натпреварот. Во второто полувреме „црно жолтите“ постигнаа уште три погодоци за рутински триумф. Мрежата ја погодија Емре Чан, Халанд и Феликс Паслак.
Резултати:
Б. Дортмунд – Фрајбург 4-0
А. Франкфурт – Хофенхајм 2-1
Келн – Б. Менхенгладбах 1-3
Штутгарт – Б. Леверкузен 1-1
В. Бремен – А. Билифилд 1-0
Лајпциг – Шалке (18:30ч)
OhridNews