Бумерангот навистина секогаш се враќа! Дури и по 25 години. Властите во Аутбек (Австралија), се изненадиле кога бумеранг стигнал по пошта. Заедно со него имало и порака. Американец со грижа на совест го украдил од музеј во рударскиот град Моунт Иса. Поради тоа се чувствувал навистина грозно. Неможел да се смири додека не го вратил.
– Го украдов 1983 година, кога бев млад и глупав. Не смеев да го направам тоа. Жал ми е и го враќам назад.-пишува во пораката.


Градоначалникот кажува дека името на покајаникот е Питер, но смета дека не е во ред да го објави неговиот целосен идентитет. Пакетот стигнал на локацијата на музејот каде што сега има плантажа за производство на хартија. Тие го испратиле во канцеларијата на градоначалникот. Одбива да ја каже вредноста на бумерангот. Ако ја пронајдат особата која била сопственик пред да заврши во музејот, бумерангот ќе и биде вратен неа. Традиционално ги користеле Абориџините како оружје за лов. Класичниот бумеранг може да лета педесетина метри додека не се врати кај фрлачот.