Порано беше многу популарна детската серија „Булки крај шините“. Мајските булки деновиве го разубавија стариот пат Охрид – Струга. Од двете страни на патот после Подмоље во недоглед се распослани црвени булки кои ја надополнуваат идиличната крајезерска слика. Тие не потсетуваат дека животот е убав и покрај секојдневните проблеми и трката со времето и дека треба да најдеме и моменти за уживање и исполнување на духот.


Булки крај патот

ohridnews