Силен тресок ноќеска околу 1.15 ч. ги разбуди од сон жителите на станбените згради на булевар „Туристичка“ во близина на реката Грашница. Патнички автомобил, најверојатно поради неприлагодена брзина, изгубил контрола, удрил во контејнерите на коловозот, излетал преку ивичникот на тротоарот и покосил три метални жардиниери. За среќа во моментот на незгодата на тротоарот немаше минувачи.
Набрзо по незгодата откако ги собраа остатоците од оштетното возило, учесниците го напуштија местото на незгодата. Рано утрово екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го исчистија местото на незгодата.
Инаку на овој дел од булеварот, а особено во ноќните часови се вози исклучитечно брзо и невнимателно, велат локалните жители, кои бараат да се зголеми контролата и безбедноста во сообраќајот.
OhridNews