Македонската репрезентацијата според водечките обложувалници во светот е тотален аутсајдер во квалификациската група за мундијалот во Бразил. Македонија во групата А е сместена со Белгија, Хрватска, Србија, Шкотска и Велс.


За фаворит обложувалниците ја сметаат селекцијата на Белгија, која има коефициент 2.37 да го освои првото место во групата. Коефициентот за нашиот прв противник Хрватска е 3 додека за Србија дека ќе ја помине групата е 3.5.

Во светски рамки за освојување на титулата од Светското првенство обложувалниците за фаворит го сметаат домаќинот Бразил. Актуелниот првак Шпанија е втора додека тројката ја комплетира Аргентина.

Мх.П.