Едно златно „Бугати“ кое чини 2,4 милиони евра било прогласено за најскапата играчка на светот. Станува збор за реплика на популарниот болид кој е направен во размер 1 спрема 18 од дваесетичетири каратно злато и платина, а е украсено со дијаманти.


Вратата и хаубата на скапоцената играчка, која е поскапа и од вистинското возило, можат да се отвараат, а исто така во функција е и воланот. Златниот Бугати бил изработен од дизајнерот Стјуарт Хјуз и швајцарскиот конструктор на луксузни автомобили Роберт Гулпен. Во продажба ќе се најдат три примероци од оваа играчка.