Во Охрид денеска престојува заменик-главниот обвинител на Бугарија
Камен Стинилски, кој вчера во Скопје се сретна со македонскиот државен
обвинител, Љупчо Шврговски.

Обвинителот Стинилски се интересира за текот на истрагата за бродската несреќа што во саботата се случи на Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи

Георги Илиев, бугарскиот експерт во Комисијата вчера најави дека „Илинден“ најверојатно денеска и утре ќе остане на дното на езерото, поради неповолните временски услови. Целтате  како што рече тој,  Тбродот „Илинден“ да биде извлечен неоштетен на брегот за да се овозможи прецизно вештачење, што се смета клучно за истрагата.

Бродот „Илинден“ кобното саботно утро превезуваше 57 патници, од кои 42 ја преживеаја несреќата.