Дисциплинската комисија на УЕФА го прогласи бугарскиот судија Антон Генов за невин по денешното 30 минутно сослушување, јави „Гонг.бг“. Генов во средината на декември минатата година беше суспендиаран од страна на УЕФА под сомневање дека го наместил пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Канада кој се одигра на 17 ноември во Струмица.
Натпреварот заврши 3:0 за Македонија, а Генов досуди четири пенали. Одлуката на УЕФА ќе биде објавена за три дена на официјалниот сајт.
Антон Генов повторно ќе може да ја дели правдата на меѓународните турнири и фудбалски натпревари откако беше суспендиран од настап во сите натпреварувања организирани од УЕФА, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com