– Власта ни ја даде народот, денеска му ја враќаме. При ваква ситуација државата има потреба од нов кредит за доверба и народот да определи како понатаму ќе се управува. За овие четири години направивме максимум, изјави Борисов.
Протестите во Бугарија првично започнаа против високите сметки за струја, но потоа се претворија во протести против централно-десничарската влада. Протестите во изминатите денови во Бугарија кулминираа со судири меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Софија при што десетина лица беа повредени.
Пред два дена оставка поднесе министерот за финансии на Бугарија Симеон Ѓанков.