Единствено решение за Косово е независност, што е општоприфатливо за стабилноста на Балканот. Овие ставови се изнесени во книгата „Косово една геополитичка анализа“, на бугарскиот писател Стефан Карастојанов која минатата недела беше промовирана во Струга.
Според професорот на Државниот тетовски универзитет Неби Дервиши, „професорот Карастојанов не потклекнал прец уцените и заканите и оваа книга не е посебна само за косоваско прашање, туку е од посебна важност и за науката бидејќи Карастојанов се служел само со научно докажани аргументи, без политизација на прашањето“.
На промоцијата беше присутен и албанскиот амбасадор во Бугарија, Бујар Скендо, кој ме]у другото нагласи дека професорот Карастојанов е доста храбар затоа што имал доблест да ја поддржи независноста на Косово, и да апелира до центрите на одлучување како што се САД и Европската Унија, да го направат истото.
Промоцијата на книгата која се одржа во препознатлив амбиент се случува во пресрет на конечната одлука за идниот статус на Косово.
Мики Трајковски