Бугарски медиуми повикувајќи се на изјава од анонимен извор од ВМРО ДПМНЕ за тамошната агенција „Фокус“, денеска објавија дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој побегна во Будимпешта откако правосилно беше осден на казна затвор од 2 години, веќе ја напуштил Унгарија.
Како можни дестинации се наведуваат Русија или Турција.
Засега информација со слична содржина нема во унгарските медиуми.
OhridNews