Вкупно 40 дела на врвни бугарски карикатуристи ќе бидат изложени во рамки на изложбата која ќе биде отворена вечерва со почеток во 18 часот, во просториите на Интеракција Аzbook во Охрид.
Според најавите, ќе бидат изложени дела од Алла и Чавдар Георгиеви, Љубомир Михајлов и Чавдар Николов. Нивните дела ќе ги промовира директорот на Културниот центар на Бугарија во Македонија, Димитар Христов, а неговата поетска книга „Леб и вино” пред присутните ќе ја промовира Владо Тренески, поранешен директор на „Охридско лето”.
Изложбата на карикатури ќе биде отворена до 23 октомври 2014 година.
OhridNews