Градоначалници на триесетина општини во Бугарија од денеска ќе престојуваат во посета на Охрид. Тие  ќе се сретнат со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, претставници на локалната самоуправа и членови на градскиот совет.

На средбата, како што е најавено, ќе стане збор за можностите за соработка на градот Охрид со општините во Бугарија, пред се во областа на туризмот.

OhridNews