Стоил Панајотов (54) ја заменил својата трета сопруга за Елена, осумгодишна коза. Тоа му успеало на сточарскиот саем во трговскиот град Пловдив. Главната причина за необичната размена било тоа што сопругата неможела да му роди дете. Размената ја направиле пред запрепастените луѓе.

– Дента кога пријателот ми рече дека нема среќа со жените и дека му се допаѓа мојата сопруга, ја направивме спогодбата. Се разбира и жена ми се сложи со размената – раскажува Стоил.


– Козата роди три младенчиња, а мојата сопруга ниту едно дете. Трговската спогодба е поповолна за сопственикот на козата, отколку за мене. Јас добив коза од втора рака, а тој потполно нова жена – кажува фармерот.

Ова не е прв случај на необичен однос помеѓу луѓето и животните. Минатата година селскиот старешина од Судан присилил еден маж да се ожени со коза откако го фатиле дека сексуално ја малтретира. Минатата година маж од Индија се нашол на насловните страни од сите вести откако по совет на астролог се оженил за куче.