Светиот синод на Бугарската православна црква на седницата одржана утрово одлучил да ја прифати подадената рака од Македонската православна црква и да ја застапува пред останатите православни цркви.
–Тоа е најмалку што можеме да направиме бидејќи тие се наши браќа. – соопшти БПЦ. Сепак во соопштението не се наведува дали БПЦ ја прифаќа МПЦ како ќерка црква.
Претходно граѓани, верници и интелектуали со транспаренти во рацете во Софија се собраа пред седиштето на Светиот синод на Бугарската православна црква на „тивко бдеење“ за поддршка на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија БПЦ да биде нејзина мајка-црква.
OhridNews