Бугарската новинска агенција „Фокус“ денеска објави првоаприлски текст со наслов “Охрид посака административно да биде управуван од Софија“, во кој е поместено измислено интервју со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. На крајот од текстот е поставен линк кон  целосносто “интервју“ каде пишува дека се работи за првоапрлилска шега.


Сепак, написот на „Фокус“ ја вознемири охридската локална самоуправа, која смета дека шегата во најмала рака е неумесна, а  на неа намерно или нанемeрно наседнаа повеќе македонски медиуми. Поради тоа Општина Охрид реагираше со демант во врска со наводната изјава на градоначалникот на Охрид, Александар Патрески за бугарската новинска агенција Фокус:

 „Наводната моја изјава за бугарската новинска агенција Фокус, не само што е целосна невистина, лага и конструкција, туку воопшто не сум дал било каква изјава за оваа агенција.

Со оглед на тоа што станува збор за целосна измислица, неовластено и неточно споменување на моето име со намера за моја лична дисквалификација и груба манипулација на јавноста во Република Македонија, барам бугарската агенција Фокус јавно да демантира дека сум дал било каква изјава за нив и да ми се извини веднаш.

Доколку тоа не го направат ќе поднесам кривична пријава за клевета.“ – стои во демантот на градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

OhridNews