Претседателот на Собранието на Р. Бугарија, Георги Пирински, официјалната посета на Македонија ја започна од Охрид. Тој положи свежи цвеќиња пред спомениците на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј и на Свети Климент Охридски, а во придружба на својот домаќин, градоначалникот Александар Петрески, ги разгледа и културно-историските знаменитости на Охрид.

Во изјава за медиумите Пирински истакна дека Бугарија ја подржува Македонија за членство во ЕУ и НАТО, и и помага во спроведувањето на реформите и исполнувањето на потребните критериуми. Пирински одби да го коментира Грчко – македонскиот спор за името но истакна дека секоја држава има право да ги штити своите позиции. “Кога постојат разлики потребно е да се седне и мирно да се разговара   и да се види како може да се изнајде взаемно прифатливо решение“, рече Пирински.


Претседателот на бугарското собрание Пирински во посета на Охрид

Претседателот на бугарското Собрание  Пирински во Скопје ќе има официјална средба со претставници на македонскиот државен врв на која ќе се разговара за билатералните односи, но и за актуелните прашања во регионот на Југоисточна Европа.

Г. Момироски
фото: Александар Ковачески-фото ЗУМ