Селекцијата на Бугарија ја совлада А репрезентацијата на Македонија со 2-0 во контролниот натпревар на „Филип Втори“.
Мрежите на соседското дерби во првиот дел мируваа, а бугарите головите за победа ги постигнаа во второто полувреме.
Прв мрежата на „црвено жолтите“ ја начна Димитар Рангелов во 65-та минута, а печат на победа стави Александар Тонев во 87-та минута.
Избраниците на Игор Ангеловски го претрпеа вториот пораз во контролните мечеви откако изгубија и од Словенија со 1-0.
Бугарите, пак, големата победа над Португалија ја крунисаа со триумф над Македонија.
Фото: Екипа.мк
OhridNews