На пригодна свеченост што ќе се одржи на 5ти мај во Скопје, Бугарија ќе им оддаде признание на спасителите на бугарските туристи кои настрадаа во бродската несреќа што минатиот септември се случи на Охридското Езеро.

На свеченоста што ќе се одржи во Амбасадата на Бугарија ќе присуствува министерот за надворешни работи Николај Младенов кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Меѓу поканетите се капетаните и посадите на бродовите „Александрија“ и „Кристина“ кои први пристигнаа на местото на  несреќата. Тие ни потврдија дека добиле официјална покана за настанот што ќе се одржи во среда во Скопје, со што ги демантираа дезинформациите што во јавноста ги пласираа некои локални медиуми, дека свеченоста ќе се одржи денеска во Охрид.

На 5ти септември 2009 година бродот „Илинден“ потона во Охридското Езеро при што животот го загубија петнаесет бугарски туристи, а благодарение на присебност и пожртвуваноста на охридските спасители беше спречена поголема катастрофа.

OhridNews