Вкупно 22 лица ќе бидат одликувани за покажана човечност и смелост во спасувањето на бугарските туристи при потонувањето на бродот Илинден на 5-ти септември.

Најголемиот дел од наградените како што јавуваат бугарските медиуми, ќе бидат македонски граѓани. Тие, како што е најавено, ќе добијат орден од прв сред  „За граѓанска заслуга“. Иако имињата на одлукиваните не се соопштуват засега се дознава само дека меѓу нив ќе бидат момчето кое со чамец спаси десетина бугарски туристи од давење, Ѓорѓи Костовски заедно со неговиот братучед и татко му, капетаните на бродовите „Александрија“ и „Кристина“, како и сопственикот на „Александрија“.

Официјална Софија на неколку пати јавно се заблагодари на охридските спасители, посочувајќи дека тие со нивната пожртвуваност спасиле многу животи и придонеле трагедијата да не биде уште поголема.

Ohridnews