Бугарија почна да гради складиште за нуклеарен отпад во близина на својата единствена нуклеарна централа „Козлодуј“. Бугарската министерка Теменушка Петкова рече дека проектот кај „Козлодуј“ е многу важен за развој на нуклеарната енергија во Бугарија. Радиоактивниот отпад од ниска и средна јачина, која ќе биде складиран на тоа место, потекнува од четирите стари реактори на оваа централа.

Бугарија затвори четири реактори од советско производство во „Козлодуј“ од безбедносни причини, што и беше услов за да влезе во ЕУ во 2007 година. Во „Козлодуј“, кој се наоѓа на Дунав, блиску до тромеѓето со Романија и Србија, останаа уште два реактора од советско производство. Фондот кој го управува Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) го финансира проектот со 73 милиони евра.

OhridNews
Макфакс