Агенцијата пишува дека спасителите ќе добијат орден од прв степен за цивилни заслуги.
Во спасувањето на преживеаните патници од бродот „Илинден“ се вклучија посадите на бродот „Александрија“ и „Кристина“, глисери како и туристи меѓу кои и српски лекари кои според кажувањата на очевидци спасиле многу животи. Да не беше навремената и несебична помош на сите нив катастрофата ќе беше уште поголема.
Бугарија ќе ги награди македонските спасители
Според најавите Бугарија преку своето конзуларно претставиштво во земјава прави список на имиња на граѓани на Македонија кои ќе бидат наградени.