На пригодна свеченост што ќе се одржи денеска во Скопје, Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов,  ќе им оддаде признание на спасителите на бугарските туристи,  од  бродската несреќа, што минатиот септември се случи на Охридското Езеро.

Признанија ќе добијат  посадите на бродовите „Александрија“ и „Кристина“ кои први пристигнаа на местото на  несреќата, а според неофицијални информации ќе бидат одликувани и неколку пединци.

На 5ти септември 2009 година бродот „Илинден“ потона во Охридското Езеро при што животот го загубија петнаесет бугарски туристи, а благодарение на присебностa и пожртвуваноста на охридските спасители беше спречена поголема катастрофа.

OhridNews