Викендов кој престои охридскиот таеквондо клуб „Хва Ранг ИТФ“ ќе учествува на најјакиот Меѓународен таеквондо ИТФ турнир А класа кој ќе се одржи во бугарскиот град Пловдив.

Клубот ќе биде со скратен состав. Дел од причините се повреди, а дел се училишните обврски кои ги имаат дечињата. „Бугарија Опен“ ќе го прескокнат Анастасија и Ангела Велјаноски, Божидар Димитриевиќ, Стефан Каланоски и Владимир Димитриевиќ. Боите на охриѓани ќе ги бранат Давид Крстески, Марио Крстески, Филип Трифуноски, Елена Јанеска, Антонио Јанески, Христијан Митрески, Јане Димов и Давид Велковски.

Елена Јанеска, Марио Крстески и Филип Трифуноски ќе имаат предизвик поголем во Бугарија, бидејќи ќе се борат за критериум за учество на Европско првенство. Претседателот на клубот, Марјанчо Лазаревски му се заблагодарува на генералниот спонзор „ПН Метал“ и очекува плоден и успешен настап од своите избраници.

OhridNews