Италијанскиот голман Џиџи Буфон и францускиот шампион Пари Сент Жермен ја прекинаа соработка после само една сезона. Двете страни пријателски се разделија.
- Џентлмен на теренот и надвор од него. Ти благодариме за професионалноста, посветеноста и стандардите кои ги постави во клубот. Едноставно, ти благодариме за се! – вака се збогуваа „светците“ со Буфон.
Искусниот голман исто така не штедеште зборови за ПСЖ со кој не успеа во главната цел да стигне до титулата во Лигата на Шампиони.
- Парис како град поради многу причини ќе ме потсеќа на дома/Пред една година со многу ентузијазам дојдов овој клуб и со таков заминувам. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за приемот и поддршката. – изјави Буфон.
После официјалната разделба на Буфон и францускиот клуб англиските медиуми почнаа со разно разни шпекулации. Една од нив говори дека Давид де Хеа ќе се пресели на „Паркот на Принцовите“, а неговото место на Олд Трафорд ќе го заземе Буфон.
OhridNews