Легендарниот италијански голман Џајнлујџи Буфон е слободен агент, откако спогодбено го раскина договорот со францускиот првак Пари Сент Жермен. Од многуте понуди на маса Буфон започна преговори со Парма, клуб во кој ја започна професионалната кариера.
Објавувањето на информацијата дека Буфон преговара со челниците на Парма беше примена со воодушевување во Италија, а голманот не би можел да посака подобар крај на кариера онаму каде што и ја започна.
41-годишниот голман во дресот на Парма дебитираше 1995 година на дуелот со Милан. Во дресот на „млекарите“ Буфон запиша 220 настапи. Во 2001 година се пресели во Јувентус за тогаш рекордни 50 милиони евра. Со него на голот Јувентус освојуваше титули во Серија А, Купот на Италија и Супер купот а не успеаја да ја покорат Европа и да стигнат до титулата во ЛШ.
Парма во периодот додека Буфон беше дел од Јувентус помина доста турбелентен период. Клубот од Енио Тардини во 2015 година беше преселен во Третата лига после банкротирањето, а три сезони успеа да се врати во елитата и да опстане.
OhridNews