Под превезот на Европското првенство во фудбал во сенка паднаа трансферите, кои се одвиваат непречено и по некој очекуван редослед.

Најубавата приказна која може да се нарече фудбалска романтика е поврзана со Џајнлујџи Буфон, кој после 20 години се враќа во Парма, каде што ја започна кариерата. Буфон ќе го брани голот на „млекарите“, кои годинава отпаднаа од Серија А и ќе се натпреваруваат во Серија Б.

Другиот голмански трансфер е Џајнлујџи Донарума во францускиот дрим тим Пари Сент Жермен. Италијанскиот голман со „светците“ ќе потпише до 2026 година, откако од Милан си замина како слободен фудбалер.

Во следниов период се очекуваат уште неколку трансфер разврска, а најбудно се следи преселбата на Жадон Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед.

 

OhridNews