Чуварот на мрежата Џајнлујџи Буфон во текот на денот треба да ги помине медицинските прегледи и да го официјализира враќањето во Јувентус.

41-годишниот голман со „бјанконерите“ ќе потпише едногодишен договор во кој ќе заработи 1,5 милиони евра. Буфон минатата година после 17 сезони го напушти клубот од Торино и се пресели во Пари Сент Жермен. Со „светците“ не успеа во намерата да ја освои титулата во Лигата на Шампиони и ги наруши односите со тренерот Томаш Тухел и разделбата беше неизбежна.

Голем број на навивачи го пречекаа Буфон пред клупските простории. Планот на Јувентус за Буфон е да му понудат работа во клубот откако ќе му заврши договорот.

Буфон е четврто засилување за Јувентус, откако во клубот пристигнаа Арон Рамзи, Адријен Рабио и Лука Пелегрини.

OhridNews