Искусниот чувар на мрежата Џајнлујџи Буфон нема намера да му каже збогум на фудбалот и најмалку уште една сезона ќе биде фудбалски активен
Како што пренесува „Тутоспорт“, Буфон одлучил да ја збогати кариерата со уште една сезона а Јувентус без размислување ќе му понуди нов договор.
42-годишниот Буфон го загуби првотимскиот статус во Јувентус после заминувањето во Пари Сент Жермен каде остана само една сезона. Прв избор е полскиот голман Војчек Шчезни. Популарниот „Џиџи“, сезонава 11 пати бранеше за Јувентус и во три натпревари ја сочува мрежата.
Буфон во Јувентус се пресели во далечната 2001 година од Парма.
OhridNews