Италијанската легенда и најдобриот голман во историјата на фудбалот, Џајнлујџи Буфон прв пат јавно проговори за заминување од Јувентус, неговото преселување во Пари Сент Жермен и трансферот на Кристијано Роналдо од Мадрид во Торино. Буфон во Торино пристигна во 2001 година, а замина после завршување на минатата сезона после точно 17 години поминати во клубот.
- Размислував дали да се повлечам или да продолжам да играм. Опција за продолжување беше понуда од некој голем клуб од Европа. Да ме конктатираше некој клуб од далечниот исток немаше да размислував, ќе го одбиев и ќе ја завршев кариерата. Понудата од ПСЖ дојде во мај месец, беше конкретна, одлучив да продолжам таму и да пробам некој друг предизвик. Јас и Јувентус, се разделивме во добри односи, а тоа го посакувавме сите и успеавме. – изјави Буфон.
Тој потенцираше дека неколку играчи биле на праг од заминување од Јувентус, но после купувањето на Роналдо се премислиле. Португалецот во Торино се пресели за 105 милиони евра.
- Екипата се разбуди после доведувањето на Роналдо. Трансферот кој силно одекна ги освести на некој начин играчите каде се наоѓаат и во каков клуб играат и тренираат. Јувентус направи многу добар потег со Роналдо, бидејќи излишно е да се коментира учинок на еден таков играч. – откри Буфон.
Буфон и во четвртата деценија од животот се уште е во добра форма и после надминувањето на недорбирањата со Томаш Тухел повторно е прв избор на голот од „светците“.
OhridNews