Организаторот на  изборот на песна на Медитеранот што традиционално се одржува во Будва посвети дел од својата програма на големата балканска ѕвезда Тоше Проески.

Неговите хитови ги пееја познати музички имиња од Македонија и регионот меѓу кои Калиопи, Наум Петрески, Елена Ристеска, Јелена Томашевиќ, Нина Бадрич, Бојан Маровиќ и други.

Песните на Тоше беа изведени со големи емоции, а публиката во Будва каде имаше и  голем број македонци, покажа исклучителна почит кон прерано починатата музичка икона.

OhridNews