Оваа „инфлација“ на богаташи се должи на распродажбата на атрактивниот морски брег – парче по парче. Мештаните за своите најчесто наследства од дедо, добиваат баснословни суми, некогаш и по неколку милиони евра. Но, оваа бројка ос 200 богаташи сигурно не е конечна зошто секојдневно се слушаат нови трачеви дека „оваа или онаа“ фамилија го продала имотот за големи пари.
До пред извесно време земја купуваа скоро исклучиво богати Руси, но од осамостојувањето на Црна Гора се` повеќе купувачи има од Ирска, Франција, Белгија …
Заради ваквиот интерес кој е рамен на треска, цената на квадратен метар парцела на ривиерата достигнува и до 1.000 евра.
(РТС)