Неодамна во Будва се одржа традиционалниот меѓународен саем за туризам на кој присуствуваше и делегација на Советот на општина Охрид. Во рамки на саемот во стариот дел на градот се одржал концерт на групата „Црвена Јабука“, а амбиентот бил надополнет со прекрасно светлечко бротче налик на охридското за Нова година.


Будва го копира Охрид

Фотографијата ни ја испрати советникот Иван Огненов кој љуботитно започнал да се распрашува чија е оригиналната замисла за бротчето од светилки.  Одговорот го добил од градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој го известил дека будвани минатата година го виделе кај нас укрсното бротче и го поставиле на кулата во нивниот стар град!

„Ех, кај ќе ни беше крајот да можевме да патентираме новогодишни украси и други шминки“, вели советникот Огненов.

ohridnews