Прв пораз за македонскиот тим во АБА Лигата, МЗТ Скопје кој на гостувањето во Подгорица загуби со 81-71.

“Штрковите“ одиграа далеку под своите можности поготово во одбраната во пвиот дел, имаа  огромен број на технички грешки (15) , што беа одлучувачките моменти во поразот од Будуќност.

Домаќините ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот меч, а во 33 минута имаа плус 20, (70-50) по што следуваше опуштање. “Металците“ се обидоа во финишот да го надохнадат загубеното но нивниот финиш беше задоцнет.

Во наредната рунда во Скопје, МЗТ го пречекува Раднички .