Будистички свештеник од Јапонија во потполност го уништил сопствениот храм после обидот со оган и чад да ги избрка од него осите, односно да го запали осилото. Свештеникот (41) од јапонската покраина Нигата направил факел од бамбус со кој што сакал да го запали осилото што го направиле осите во кујнскиот ормар.


Сувото дрво од ормарот веднаш се запалило, а да биде работата уште полоша, налутените инсекти бранејќи го својот „дом“, го нападнале свештеникот. Огнот наскоро се раширил по целиот храм. Свештеникот поминал со неколку убоди и полесни изгореници, но, храмот изгорел до темел. Имал намера да го премести храмот на нова локација со оглед на тоа што бил оштетен од неодамнешниот земјотрес, но сега го очекува изградба на нов.