Меѓу тренерите во Металург на летниот камп во Охрид најпозната е поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Андријана Будимир. Со српската ракометарка во составот Кометал во 2001 година стигна до титулата во Лигата на Шампиони победувајќи го Ларвик во големото финале.

По завршување на ракометната кариера, таа одлучи да продолжи во ракометот, но како тренер.  Будимир своето богато искуство нескромно им го пренесува на младите ракометари од школата на Металург.

– Малку е напорно да се работи бидејќи имаме повеќе од 200 деца. Ги поделивме во повеќе групи за да можеме да му посветиме внимание на сите. Во нашите школи има многу таленти и со напорна работа нивниот потенцијал треба да го извадиме на виделина. Школата на Металург има одличен систем, сите тренери се залагаме максимално и сигурно некои од овие деца кои тренираат кај нас ќе ги бранат боите на Македонија –
смета Будимир.

Покрај како тренер во младинските категории на Металург, Будимир на малите екрани се појави во шоуто „Танцот со Ѕвездите“.  Таа се престави во одлично светло и заедно со победникот Атанас Николовски исто така спортист ги пробија сите бариери во танцувањето за спортистите.

– Сепак се се врти околу спортот бидејќи победникот Атанас Николовски е спортист. Тоа за мене беше ново и незаборавно искуство, но сепак мојата прва и незаменлива љубов е ракометот и никогаш да го потиснам на второ место – заврши Будимир.

Покрај Србинката тренери во ракометната академија на Металург се поранешни репрезентативци и репрезентативки на Македонија кои им ги откриваат тајните на ракометот на повеќе од 500 дечиња.

Мх.П.