Расказот “Будење” од авторот под шифра “Осветлувач” е единствениот награден на конкурсот што го распиша Општина Охрид по повод годишнината од смртта на истакнатиот македонски писател, Живко Чинго. Паричната награда на добитникот во висина од 30 илјади денари ќе му биде доделена на авторот  на традиционалната манифестација “Вечер на Живко Чинго” што ќе с еодржи на 13 август во селото Велгошти.


   
“На конкурсот простигнаа 52 раскази, а една петтина од нив влегоа во најтесниот круг”, рече денеска на прес-конференција претседателот на жирито, Славе Ѓорго Димоски. Професорот Венко Андоновки, член на жирото, смета дека конкурсот застанува на здрави нозе зашто, како што рече, годинава квалитетот на пристигатите раскази е далеку повпечатлив за разлика од минатата.” Ако продолжи ваквиот квалитет пожелно е да се доделуваат и втора и трета награда”, додаде Андоновски.
   
Стручното жири  и препорача на Општина Охрид, оргазатор на конкурсот и манифестацијата посветена на Живко Чинго, да ги објави и расказите “Земја”-без шифра и “Другарка ми Лиле Богомилова”-без шифра.

Александра Ристоска